Заев: Сите видовме дека има нова табла во МТСП

од Берта Китинска
245 прегледи

Сите видовме дека таму има нова табла. Сите знаеме дека старите табли преку уставните промени останаа. Некои ги уништија, а некои стојат. Но, има нова табла, рече претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на министерската за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека е подготвена да плати и казна до пет илјади евра само да не стави двојазична табла.

Заев посочи дека поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска има одржано прес-конференциии и изјави со нова табла.

– Се работи за Устав и закон на државата. Зборуваме за правна држава, за Устав и за закон. Очекувам Владата предводена од СДСМ да преземе конкретни чекори, рече Заев.

За деталите околу тоа што ќе биде преземено во врска со ова прашање, Заев упати на премиерот Оливер Спасовски

Слични содржини