Заев: Скратениот број часови овозможува учебната година да почне од октомври

од Берта Китинска
498 прегледи

Димензионирањето на политиките учебната година да почне малку подоцна, е поради скратениот број на часови, со што организираноста на учебната година е поставена да може таа да почне од први октомври. Како пример за ова мандатарот за состав на новата Влада и поранешен премиер Зоран Заев го посочи функционирањето на некои од приватните училишта кои и порано годината ја започнувале во октомври. Тој потврди дека интенцијата е со физичко присуство во училниците учебната година да започне прво од пониските одделенија.

– Кај приватните школи некои почнувале и порано, како на пример „Нова“, кои имаат веќе здравствени и други протоколи како и други училишта кои тоа го прават. Суштината на размислувањата, бидејки уште е само размислување, да се почне со прво, второ и трето одделение, заради тоа што се работи за писменоста на нашите деца, затоа што со онлајн настава тешко ќе ги описмениме децата во тие години. Понатаму сето другото е он-лајн настава со опции. Општините ќе прават проценка согласно протоколите, согласно бројот на заразени во општината во регионот каде живеат граѓаните и вкупниот број на дечиња. Не знам ако имаме 600 училишта проценка е едно 350 може да се организираат доколку родителите одлучат, училишните одбори, градоначалникот и Советот направат проценка и затоа државната комисија која е определена со одука на Влада ќе даде согласност за ваква работа, рече Заев.
Тој додаде дека сепак најважно е здравјето на децата, поради што понатаму ќе се развијат и други комбинации следејќи го здравствениот аспект на учениците.

– Имаше размислување и 6 одделение да оди со физичка настава, прва година средно да оди со физичка настава, но она што засега е одлучено е 1 октомври, прво, второ и трето одделение да почнат со физичка настава и секако он-лајн настава со сите можни опции. Имаме населени места со по 7 дечиња во паралелка или севкупно 25 дечиња во 4 години на образование. Имаме помал број на ученици во речиси 50 посто од државата, така да верувам дека таму каде сите заедно ќе одлучат учениците, родителите, наставниот кадар, градоначалниците, советот, сите заедно како најодговорни ќе се организира наставата, а штом ќе се донесат одлуките ќе бидат соопштени од министерката за образование јавно секако и ние другите членови на Владата, истакна Заев.

Во однос на работатата на градинките министерот за здравство Венко Филипче кој заедно со мандатарот Заев во Македонска Каменица, одговараше на новинарски прашање за време на одбележување на прославата на Денот на градот рече дека е можно отворање на градинките уште во септември.

Слични содржини