Заев со порака на Фејсбок: Лидерството значи одлучност !

од desk2
82 прегледи

Премиерот Зоран Заев, со порака на фејсбук порача дека најважните одлуки се тешки, но носат реални промени и подобро утре.


„Вистинските лидери одлучуваат кога другите се кријат. Најважните одлуки се секогаш тешки. Токму тие носат реални промени и подобро утре“, порачува Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10156870672752932/?type=3&theater

Се чини дека оваа порака од Заев му е упатена токму на Христијан Мицкоски, откако тој и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа преку прес-конеференција во партиското седиште не му дадоа инструкции на членството и симпатизерите како да постапуваат на референдумот на 30 септември, туку да гласаат или да не гласаат по своја волја.