Заев: Свесни сме за погоденоста на медиумите од кризата, ќе бидат опфатени во петтиот сет мерки

180 прегледи

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, одговори на новинарско прашање, дали медиумите ќе бидат дел од петтиот пакет економски мерки.

„Петтиот пакет мерки ќе го димензионираме наскоро. Медиумите се секако засегнати од оваа криза, и ќе бидете опфатени со оваа мерка. Апелирам АЕК и останатите институции да размислат за концесиите и надоместоците. Па оттаму да им се помогне и на медиумите, бидејќи сум свесен дека се кратат и реклами и средства од истите“, истакна Заев.

Слични содржини