Заев: Некои изнаоѓаат милион причини за да ги заобиколуваат решенијата за изборното законодавство и медиумите

од desk3
114 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Штип денеска, изјави дека некои изнаоѓаат милион причини за да ги заобиколуваат решенија за изборното законодавство и медиумите.

“Алармирам искуството од изборот на специјалниот јавен обвинител во последен момент да не се повтори.Да не купуваме време победникот на изборите мора да има полн легитимитет.”- порача Заев.zaev

Понатаму Заев најави дека викендов СДСМ треба да ги разгледува кадровските решенија за министерските и за заменичките места што ќе бидат дел од владата од 20 октомври, решение предвидено со Договорот од Пржино.

“Очекувам динамични процеси. Да не се повтори ова повеќе. Целосно сме посветени на квалитетно кадровско решение за МВР кое треба да биде гарант за фер избори. Кадровските решенија најверојатно овој викенд ќе почнеме да ги отвораме. Секако имаме плејада на наши кадри и гледаме да бидат луѓе кои пред се им е интересот на Република Македонија, каде што ќе можат да дадат придонес во овој политички тријар отворен во Македонија, како причина за разрешување на сите отворени проблеми во државата, а конечна цел добра иднина на нашата земја. Секако посебно внимание ќе посветиме на изборот на кадарот за избор на министер за внатрешни работи, се работи за наше целосно решение предлог на опозицијата. Но треба да биде професионалец, ескперт. Тоа значи дека некои од нашите први сопартијци докажани не можат да ја извршуваат оваа функција иако имаме плејада на кадри за оваа работа. Но, така е по договор и така ќе го испочитуваме

Првиот опозиционер не сакаше да го коментира изборот и составот на тимот обвинители на специјалната обвинителка Катица Јанева.

 

Заев рече дека има целосна доверба во неа затоа што ова е дел од договорот на сите политички партии.

“Специјалниот  јавен  обвинител  има целосна автономија во се и во составувањето на тимот.Граѓаните очекуваат правна разрешница на прислушувањето и делата што произлегуваат од него ” посочи Заев