Премиерот Зоран Заев вели дека утре на владина седница ќе го потврди ставот за разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.
Заев одговори на новинарското прашање истакна дека Пауновски не ги почитувал прописиоте и етичкиот кодекс.
Но пред да донесе одлука, Заев утре ќе ги прими на разговор пазарните инспектори од ДПИ, кои до него ќе ја достават петицијата, со која се бара да не биде сменет Пауновски и ќе го информираат за сите успеси што инспекторатот ги постигнал за време на менаџирањето на Пауновски.