Заев утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал

од desk3
141 прегледи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал, во врска со сомневањата за побаран поткуп од 200.000 евра, јавува „Прес 24“ (Press24).

mkd-181960

Според кривичната пријава на полицијата, градоначалникот на Струмица ја побарал оваа сума пари од извесен струмички бизнисмен за да му овозможи приватизација на градежно изградено земјиште.

Тој, повеќепати беше повикан во врска со овој случај, но и со случајот „Пуч“, во кој се јавува како четвртоосомничен во аферата со незаконско прислушување.

Се очекува во текот на денот, на Заев да му бидат презентирани сите докази од истрагата за случајот со поткупот.

Како што дознава „Прес 24“ од свои извори во Обвинителството, досега Заев молчел во врска со обвинувањата за двата предмети и не дал никаков исказ.

Мета