Важно е да расте платата, но важно е при тоа растење на платата да не ги губиме работните места. Јас очекувам оваа пролет ако продолжи вака економскиот тренд дека многу луѓе коишто и реално на нето основа останале без работа веднаш ќе може да се снајдат со работа, односно да бидат работно ангажирани, изјави премиерот Зоран Заев.
–Ако ги гледате параметрите од Агенцијата за вработување таму ќе видите дека во одредени периоди се јавуваат 12, 15, 17, 22.000, но веднаш после тоа заради тоа што податоците за вработување се објавуваат следниот месец за тој што се случил, ќе видите дека веднаш имаме ангажман. Во целата флескибилност на државниот систем, согласно Законот за вработување јасно се гледа дека одредени фирми, граѓани ја користат алатката времено ангажирани за одредени месеци, а од следниот први почнува нов договор за времено ангажирање во иста или во соодветна фирма., вели Заев .