Итен кризен штаб вечерва ќе се оддржи во Општина Тетово, што ќе го води премиерот Зоран Заев.
Во итниот кризен штаб се и замениците и министрите: Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски, Аријанит Хоџа, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, посочи Филипче.
Сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените, додаде тој.
– Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани, напиша министерот.
Засега не може да се добие информација колку лица ќе бидат примени од Тетово.