Заев: Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!

од Nikola Popovski

„Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски! Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022“, објави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, честитајќи ја историската победа на нашата репрезентација од 2-1.

Тој дополнува дека во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом.

Избраниците на Игор Ангеловски храбро му се спротивставија на четирикратниот светски првак и со головите на Пандев и Елмас освоија нови три бода во походот кон Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во 2022 година.

По три одиграни кола, Македонија има шест бода, откако прво тесно изгуби од Романија во Букурешт (3:2), а потоа со високи 5:0 го победи Лихтенштајн во Скопје.

Слични содржини