Заев: Владата и асистираше на Општина Чаир која го рушеше објектот пред Мавровка

од Берта Китинска
319 прегледи

Владата не рушеше пред Мавровка, туку асистираше на Општина Чаир која рушеше, заради тоа што не успеваа постапките за избор на изведувач, ние понудивме да асистираме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан дали Владата ќе продолжи со уривањето на дивоградбите.

Тој, посочи дека станува збор за проблем што општината Чаир месец два не можела да најде изведувач и дека очекува сите останатите случаи да продолжат.

– За сите други општини, очекувам постапките да продолжат и општините сами да постапат. Се знае кога државата може да им помогне на општините. Тогаш кога ќе видиме дека направиле се во нивна надлежност и немаат можност да го направат тоа, изјави Заев.

Слични содржини