ВМРО-ДПМНЕ ги турка граѓаните во кривични дела со тоа што бара од нив да се потпишат на иницијативата за велепредавство, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за А1он.
– Неколку поединци се обидуваат да ја заштитат својата кожа така што ќе турнат огромен број од граѓаните во кривично дело. До пред некое време бараа поддршка од нив со нивно присуство, а сега и формално-правно ги туркаат граѓаните преку ставање на нивен потпис. На овој начин ги прават свои соученици и уште повеќе придонесуваат за поделбите во македонското општество. Чесно е кога веќе ги тераат да стават свој потпис барем да им соопштат која е таа станска служба или земја поради која ме обвинуваат за велепредавство. Кога веќе власта не се осмелува да поднесе кривична пријава за велепредавство, а сепак мотивирала поединци да соберат потписи за велепредавство, треба тие поединци да знаат дека го имам правото кое ќе го искористам во иднина. Ставањето на нивниот потпис претставува доказ во идни постапки кои ќе ги отворам за себезаштита. Секој потпис на оваа пријава за велепредавство исто така е доказ во правно-формална постапка за лажно пријавување, кое е кривично дело – вели Заев.
