Заев: ВМРО-ДПМНЕ две и пол години ја блокира државата

од Aleksandar Todeski

ВМРО ДПМНЕ две и пол години единствено нешто што го прави ја блокира државата, сака сите овие генерации да не врати назад. Страшно е според мене како млад човек како млад политичар после историските успеси коишто ги имаме и постигнувањето на договорот од Преспа за што добиваме признание од сите коешто е завршена работа опасно е што денеска слушаме дека лидерот на опозицијата повикува дека ќе формира мнозинство или доколку добие шанса ќе биде прв којшто ќе го врати договорот, тоа значи дека ќе не исклучи од НАТО, тоа значи дека не за европските интеграции, тоа значи дека не сака државата да биде интегрирана во европските структури, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на МРТ.

„Впрочем тоа е континуирана деструктивна политика на ВМРО ДПМНЕ во еден многу долг временски период. Граѓаните се убедени дека опозицијата нема нова понуда, нема нови луѓе тоа се истите луѓе обвинети за разно разни кривични дела, опасноста е што денес слушаме од првите луѓе на опозицијата дека тие навистина се против договорот од Преспа, тоа го потврдија на референдумот – не учествуваа. Тоа го потврдија кога ги тераа пратениците да стојат до ѕидот на собранието за да ја спречат евроатланската интеграција и перспектива на сите млади луѓе на сите генерации, на сите граѓани и опасноста е многу повеќе во тоа што граѓаните тоа го гледаат и тоа се потврдува од страна на самата опозиција со самото тоа што се против договорот од Преспа тие се против НАТО, значи сакаат да не извлечат од таму“, истакна Заев.

Слични содржини