Денеска премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерите за економски прашања, Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски ќе ја посети компанијата од индустриската дејност „БРАКО” во Велес.
Целта е промоција на инвестициите во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини како и на првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува.
По обиколката на производствените погони изјави за медиумите ќе дадат премиерот Заев и Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако”. Изјавата за медиуми е предвидена на локација пред халата каде се произведуваат еколошките возила под брендот на „Грин Машинс”.