240
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил информира дека ќе се зголемат капацитетите и ќе се отворат нови градинки низ државата.
-Обезбедуваме квалитетни услови за правилен детски развој. Градиме и реновираме градинки низ целата држава и вложуваме во вештините на кадарот.За 3 години отворивме и проширивме 63 објекти, во кој се згрижија 3.386 деца. Во последните три месеци отворивме 6 нови градинки во: Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово, Брвеница и во Ресен, со што е зголемен опфатот за 415 места.До крајот на годината ќе се отворат и градинките во Куманово, Боговиње, Босилово и с. Прдејци – Гевгелија, со што ќе се зголеми капацитетот за уште 189 деца, соопшти Заев.