Заев за 17 мај: Луѓето ако треба ќе доаѓаат со камиони, багери и трактори- има спремни за кампување пред Владата

од desk3
86 прегледи

Првиот опозиционер Зоран Заев, истакна дека власта им прави опструкции за задушување на протестот, но посочи дека тоа нема да го дозволат, бидејќи протестот ќе се случи во недела. Тој најави дека дури 4.600 граѓани истакнале дека за нив протестот нема да заврши во недела, туку се спремни да кампуваат на улица.

images (1)

“Превозниците со кои договараме, поради притисок, ни ги откажуваат услугите, но ние ќе најдеме решение, ако треба луѓето ќе ги носиме со камиони, багери и трактори, а се организираме дел да стигнат и со возови. Апелирам до Никола Груевски да не се труди да го спречи протестот, бидејќи нема да успее” вели Заев.

Тој додаде дека СДСМ ќе превземе се за да протестот помине во мирна атмосфера, без насилство.
„Со мирни протести ќе им дадеме поддршка на полицајците кои ќе ги обезбедуваат протестите. Припадниците на СДСМ добија задача со телефони да ги сликаат сите кои ќе вршат насилство. Очите 16 да ги отвориме, за да не не местат. Многу млади луѓе ќе бидат тампон зона меѓу учесниците на собирот со полицијата. Некои веќе најавија дека сакаат да останат и да спијат пред Влада и да биде тоа протест во контекст. Одлуката е остануваме до крај пред Влада, се до оставка на Груевски. На 17.ти да излеземе сите на мирен и достоинствен протест, да покажеме како Македонија се сака со срце“, порача Заев.