452
Снимките од расклиманиот камион ФАП кој помагаше во гасењето на големиот пожар во близина на Граничен премин Богородица, Гевгелија, стана хит во медиумите и на социјалните мрежи. Премиерот Зоран Заев во вестите на Сител, кажа дека овој камион е активен и дека истурил многу вода.
„Го видовме тој ФАП-от во струмичко-гевгелискиот регион, ама 8.000 тони вода истури. Знаете како, тој на терен е и активен. Возобновена е машината комплетно, го вози Јоцо Манго од Струмица го познавам директно, струмички пожарникар, а еден таков има и во Демир Капија исто така, но исто така активен е “, рече Заев.