Заев за „Франс прес“: Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни

од desk3
73 прегледи

Во интервју за агенцијата „Франс прес“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека предвремените избори треба да се одложат додека не бидат исполнети условите за слободни и фер избори.

zoran-zaev1

„Знам дека избори нема да се одржат на 5 јуни“, рече Заев.

Како што пишува во интервјуто, лидерот на СДСМ очекува дека сите политички партии на почетокот на следната недела, во согласност со македонските закони, ќе го повикаат претседатело на Собранието, Трајко Вељаноски, да свика седница.

Претходно, интервју за „Франс прес“ даде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој рече дека избори на 5 јуни ќе има, но дека тој е подготвен веднаш по овие избори да организира уште едни за да им даде на граѓаните шанса да изберат.

 

META

Слични содржини