Заев за изјавата на Поула Закаријаш: Ќе ја провериме автентичноста и МНР ќе реагира

од Берта Китинска
337 прегледи

„Веројатно министерката направила толкување за бугарски медиум, ќе провериме денеска, преку стручните служби од МНР, за автентичноста за тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста.“, одговори премиерот Зоран Заев во врска со изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Поула Закаријаш, која в рече дека македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот.

Разговарајќи со група европски новинари во Лисабон пред да ја предаде европската палка на Словенија, министерката за европски прашања на Португалија, Ана Паола Закаријас, изјави дека дебатата била особено тешка за Бугарија, нејзиниот јазик и култура. И без да спомене македонски јазик рече: „ Очигледно е поврзано со јазикот на Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“, рече министерката.

Слични содржини