Заев за личните карти: Ќе изнајдеме убаво решение што ќе приличи на мултиетничка Македонија

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев во врска со етничката поделба во личните карти, вели дека дијалогот е отворен, законските решенија ќе одат во Собранието и дека амбасадорите на земјите членки како и европската делегација ќе ни помогнат и сите заедно ќе изнајдеме убаво решение што ќе приличи на мултиетничка Република Македонија.

Премиерот рече дека ќе ги следат европските препораки и оти тоа за нив впишувањето етничка припадност е прифатливо, бидејќи, рече сме мултиетничка земја.

-Државјанството е македонско/граѓанин на Република Македонија. Етничката определба е определба на секој граѓани. Дури и Струмица е повеќе етничка, а не Македонија, сме навистина мултиетничка земја и правото на определба треба да го почитуваме. Во тој дел ќе ги слушаме и европските директиви заради тоа што сакаме да бидеме членка на ЕУ. Може да се изнајде решение на определба за да нема каква била дискриминација или каква било пречка, рече Заев.

Слични содржини