Заев за новогодишните празници на гости кај солунскиот градоначалник Бутарис

од desk2
124 прегледи

Премиерот Зоран Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција на покана на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешниот редовен брифинг со новинарите.

 

„Премиерот Заев ќе оди, но посетата ќе биде во форма на приватна посета, значи нема да биде официјална државна посета“, изјави Бошњаковски.