Премиерот Зоран Заев за случајот со сега веќе поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вели дека нему не му пречи пркосот, туку одбивањето да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени согласно Рамковниот договор.
-Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е вредност и кога тој доаѓа и од институција е исто така вредност, но инаетењето и неспроведувањето на Одлука на Влада и на етичката поставеност дефинирана во норматив што се вика Етички кодекс не е, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова во врска со разрешувањето на Пауновски.
Според премиерот Заев, директорот на ДПИ Пауновски одбивал да комуницира и и оти ако имал некави забелешки и аргументи требало да ги соочи со членовите на Владата.
Заев нагласи оти Пауновски не сакал да го спроведе законско решение кое го донел македонскиот Парламент односно планот од К-5 програмата за конечно, како што рече, 1349 веќе вработени лица според програмата за правична застапеност на конкретни работни места и со конкретен ангажаман во 237 институции.