Заев за Пешевски и Миновски: Не прифаќам во фокусот на таа понуда да биде ситниот партиски интерес и политички профит

од Vladimir Zorba
390 прегледи

„За татковината со љубов” e иницијатива за консултации за важни прашања од интерес за земјата со една широка листа во која се вклучени личности со различни експертизи и од различна политичка провиниенција, информираше премиерот Заев во интервју за Слободна ТВ.

„Тоа е идеја и понуда на заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања Битиќи со која сум запознаен. Иницијативата е во согласност со отворениот пристап на оваа Влада за инклузивен процес кога се во прашање важни, стратешки прашања од интерес на граѓаните и државата. Јас секогаш имав и имам отворена понуда до опозицијата за заеднички разгледувања за различни големи иницијативи, но не прифаќам во фокусот на таа понуда да биде ситниот партиски интерес и политички профит. Еве, како најнова понуда е да разговараме за Законот за Клиничкиот центар, на пример, и подготвени сме да ги слушнеме мислењата на сите за да постигнеме најдобро и најефикасно решение за еден ваков стратешки објект во јавното здравство”, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ.

Слични содржини