Заев за помошта на НАТО во време на пандемија: Веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници

од Vladimir Zorba
131 прегледи

„На почетокот на оваа година, во исто време кога пандемијата почнуваше да се шири, го реализиравме нашиот највисок национален стратешки приоритет – станавме 30-та земја-членка на НАТО. Веднаш бевме сведоци на силната солидарност од нашите сојузници, кои обезбедија помош за справување со последиците од КОВИД-19“, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Членството во НАТО е големо достигнување на сите граѓани на Република Северна Македонија. За нас тоа значи мир и стабилност, најсилна гаранција за нашата безбедност и економски просперитет“, посочува тој.