Заев за поразот на СДСМ: ЕУ не нè предаде, но не ги исполнија сите обврски

од Milan1
4,2K прегледи

Изборниот пораз на СДСМ на парламентарните и претседателските избори во значителен дел се должи на демотивираните прогресивни гласачи, уморни од неисполнетите ветувања на ЕУ за побрзо пристапување“ вели за БИРН поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

„ЕУ не нè предаде, но тие не ги исполнија сите обврски“, вели Заев.

По двата договора, прво добрососедскиот со Бугарија во 2017 година, а потоа и Договорот од Преспа со Грција во 2018 година, Македонија ја дочекаа нови блокади во ЕУ. Земјата влезе во НАТО во 2020 година, но почетокот на пристапните преговори со ЕУ не се случи, што Заев оцени дека било разочарување.

„Имаше демотивација на прогресивните гласачи поради ЕУ. Се случи методологијата на Макрон, и се случи Бугарија… Има мешавина од причини“,рече тој за изборниот пораз во мај.

Во официјалниот говор, пак, поконкретно ги спомена и другите причини за поразот.Рече дека слабата борба против корупцијата на неговата партија, исто така, придонела за изборниот пад.

Со дводневната меѓународна конференција за мир и одржлив развој, која ја орагнизираја двајцата поранешни премиери на Македонија и Грција, беше одбележана шестата годишнина од историскиот договор.

Слични содржини