Заев за премиерската оставка: Се ќе биде јасно по завршувањето на преговорите со Алтернатива и Бугарија

од Milan1
392 прегледи

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција. Тој за телевизија „Телма“ изјави дека сè ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ“, истакна Заев.

Слични содржини