268
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција запрашан за коментарот на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој рече дека пред 1944 година македонската нација не постоела, изајви дека ние не сме се разбудиле во 1944 со мисла дека сме Македонци.
„1943-та, на 31 декември македонските граѓани не си легнаа како Бугари, а се разбудија на 1 јануари 1944-та како Македонци. Тие се Македонци низ вековите наназад. Се чувствувале Македонци и се чувствуваат Македонци. Тоа е нашиот директен одговор“, рече премиерот Заев.