Премиерот Зоран Заев имаше прес конференција повторно во во истата сала во која на 27 април насилниците кои влегоа во парламентот како демонстранти од протестот на „За заедничка Македонија“, на говорницата каде што го нападнаа и му ја скршија главата. Тогаш тој обвини дека станува збор за обид за убиство со умисла . Груевски тогаш дрско реплицираше дека „ако сакале да го убијат ќе го убиеле“, ама не сакале.
Премиерот Зоран Заев денеска се врати во прес центарот во Собранието, за првпат по организираниот напад на 27 април, и го образложи договорот за добрососедатво. Прес конференција бече веднаш по расправата за договорот за добрососедство со Бугарија во Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Во нападот на 27 април, Заев како лидер на парламентарното мнозинство беше повреден во главата и крвареше откако демонстрантите договорено пуштени од пратници на ВМРО ДПМНЕ , пропуштени од полицијата која ја управува тогаш Митко Чавков , под памфлетот „За заедничка Македонија“ , откако насилници влегоа во прес-центарот каде што беа пратениците од мнозинството и новинарите, по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов претседател во Собранието.
Тој крвав четврток , пратениците и новинарите беа тепани, напаѓани и блокирани од насилниците повеќе од два часа, новоизбраниот претседател, пратениците бараа помош од полицијата за да ги спаси, но Чавков , првиот човек на полицијата не дозволуваше интервенција.Веќе се покажува и утврдува дека тој многу прецизно ја координрал оваа „акција на пуч“ која треба да личи на народен бунт. Меѓу тој нивни „народ“ имаше платеници и насилници со црни маски, кои беа дојдени за егзекуција, а некои носеа и оружје.
Насилниците удираа по пратениците од мнозинство и по новинарите со столици, сталаци од камера, компјутери, маси и сѐ што им дојде до рака.

Заев и уште десетина пратеници со жив штит ги бранеше обезбедувањето на ексминистерот Оливер Спасовски кој исто така беше во салата.

Специјалците интервенираа дури по 2 и пол часа, кога ги евакуираа нападнатите и им беше пружена медицинска помош.
ВМРО ДПМНЕ се ова преку лидерот Никола Груевски се обидува да го скрие и продаде како „револт на народот“. За СДСМ и граѓанската јавност ова беше обид за убиство и државен удар ,кој јавното обвинителство мора да го процесуира и да ги казни нарачателите, организаторите и извршителите.