564
Во денешното излагање на премиерот Зоран Заев, од новинарите беше запрашан за реакциите на социјалните мрежи по синоќешното интервју дадено за бугарски БГНЕС.
„Ги видов реакциите и ги разбирам, но лидерите треба да ги водат државите напред. Сите граѓани споделуваат иста историја како мојата. Но, тоа историско минато не треба да не ограничува во европската иднина. Истовремено, должност ни е на сите нас, особено на мене е да ги правам исчекорите и да градам иднина на европски начин.“
„Фашизмот нема етничка боја,тие се луѓе со определба, а ние не сакаме да се повтори “, додаде премиерот Заев.