Заев: За С. Македонија е од исклучително значење поддршката на Шведска

од Andreja Salpe

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Шведска Стефан Левен на кој се разговараше за теми од заеднички интерес на двете земји.

Премиерот Заев го запозна премиерот Левен со актуелната политичка и економска состојба во Република Северна Македонија, како и мерките за справувањето со пандемијата и процесот на вакцинација.

Претседателот на Владата Заев се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска за Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат, како и за одличните билатерални односи меѓу двете земји.

Во однос на блокадата од страна на Бугарија, премиерот Заев го информираше својот шведски колега дека е во исчекување на формирање на новата бугарска влада, со цел да продолжи дијалогот и дека решенијата за отворените прашања ќе се најдат во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство, кој е основа и за поинтензивна соработка меѓу двете земји.

Премиерот Заев го покани премиерот Стефан Левен да ја посети Република Северна Македонија во прва можна прилика, со цел понатамошно продлабочување на соработката, пред сѐ во економијата, инвестициите, животната средина и здравството.

Слични содржини