Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и други гости спортски работници од општината и од државата.