Заев за средбата со Биг Мајк: Ќе работиме и понатаму во интерес на државата, тоа за нас се нови работни места

од Vladimir Zorba

По реакциите на социјалните мрежи за средбата на Заев со Мајкл Штрауметис, познат како Биг Мајк, светски претприемач во полето на одгледување на канабис, премиерот порача дека целта на средбата е медицинска употреба на маслото од канабис и да се зајакне правото на извоз.

„Ние не ги соопштуваме сите средби. Јас седев до човекот, немаме дилеми и ништо не криеме. Целта беше медицинско масло од канабис и да го зајакнеме правото на извоз, тоа да се користи за медицински употреби. Господинот Биг Мајк побара средба, поради тоа што постои во Македонија може да се помогне во неговиот пласман. Нема што да криеме. Ќе работиме понатаму во се, во интерес на државата. Тоа за нас се нови работни места“, истакна Заев.

Слични содржини