Заев: Законите за борба против корупцијата важат и за прв, втор, ешалон, државни службеници…

од desk4
113 прегледи

Борбата против криминалот и корупцијата продолжува и никој нема да биде поштеден од какви било индиции или постапки коишто се незаконски и водат кон корупција или криминал, рече  премиерот  Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања.

-Тоа важи за тие од првиот, за тие од вториот и за било кој друг ешалон, тоа важи еднакво за сите граѓани. Имаме јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните – внимавајте, затоа што сега сѐ е јавно, никој нема да биде поштеден“, рече Заев.

Заев смета дека најодговорни за следење на корупцијата се правосудните органи.

-Администрација за мене се и премиерот и министрите и замениците министри и секако и јавната администрација, сѐ со конечна цел да бидам попрецизен. Недвосмислена и јасна порака секогаш сум испраќал и денес испраќам: законот важни еднакво за сите. Дополнително, плус етички – не само кривично, се одговорни носителите на јавните функции, колку се повисоко на функциите во ешалонот, затоа што од нив се очекува да бидат пример и не само да бидат пример, туку и да го помогнат целиот овој процес на најотчетно и најодговорно ниво, речеЗаев.

Според Заев, во некои минати времиња немаше ниту судски постапки, ниту судски разрешници.