Заев-Жбогар: Во Бисел има голем оптимизам дека Македонија тргна напред

од desk2
63 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, соопшти владината прес- служба.

– Постои голем оптимизам во Брсиел дека Македонија е конечно подготвена да оди напред во интерес на иднината на граѓаните и на државата. Република Македонија ја има најголемата шанса за успех досега за остварување на стратешките евро-атлантски цели, пренесе евроамбасадорот Жбогар на средбата со премиерот Заев.

Премиерот Заев посочи дека Владата фокусирано го реализира реформскиот План 3-6-9 низ инклузивни политики на соработка во општеството, работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и на пријателска, принципиелна и конструктивна соработка со соседите и со земјите членки на ЕУ и НАТО.

– Владата на Република Македонија е определена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните. Ќе ги спроведеме потребните реформи и низ политиките на градење мостови ќе ги осигураме евро-атлантските перспективи. Сметаме дека со сите позитивни чекори што ги правиме како Влада и како држава, реални се надежите Република Македонија да добие чиста препорака и датум за преговори со ЕУ, како и покана за членство во НАТО, рече премиерот Заев.

На средбата со евроамбасадорот Жбогар, премиерот Заев ја потврди цврстата определба на Владата за демократски, фер и регуларни локални избори, што е исто така поздравено од Европската унија