Добар почеток за отпочнување преговори, вака лидерот на СДСМ Зоран Заев ја оцени средбата во Стразбур. Опозицијата останува на своите барања, нема отстапки од црвената линија. Детали од десетчасовните разговори не се откриваат. Се во интерес на преговарачкиот процес. Во преговарачкиот процес ќе се вклучат и партиите на Албанците во државата.
Не е исклучена можноста на лидерската средба која треба да се одржи на 26 мај да присуствува и претставник од меѓународната заедница во улога на олеснувач на преговорите. Заев ја оцени како личен став изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека случувањата во Македонија се оркестрирани однадвор поради непочитувањето на европските санкции против Русија.
Од ВМРО-ДПМНЕ се воздржуваат од каков било коментар за средбата во Стразбур, како и за изјавите и пораките од Москва искажани преку чефот на дипломатијата Сергеј Лавров.
Коалиционирњ партнери на ВМРО ДПНЕ, речиси едногласни со порака до Груевски- Нема шанси за Русија, иднината на Македонија се ЕУ и НАТО.