Загадениот воздух го скратува животот за 3 години

од Nikola Popovski

„Загадениот воздух е поголема закана за здравјето на луѓето на глобално ниво отколку пушењето“, вели Joс Леливелд, шеф на истражување на ефектите од загадувањето.

„Голем дел од загадувањето од кое сме изложени може да се елиминира ако се префрлиме на други горива и се откажеме од јаглеводороди“, вели Леливелд од Институтот „Макс Планк“ во германскиот град Мајнц, пренесува АФП.

Споредено со другите причини за предвремена смрт, загадувањето на воздухот убива 19 пати повеќе од маларија секоја година, 9 пати повеќе луѓе со СИДА и три пати повеќе луѓе од алкохол, според тимот на Леливелд.

Загадениот воздух главно предизвикува проблеми со срцето и белите дробови, помагајќи да се предизвикаат и влошат други сериозни болести како што се дијабетес и висок крвен притисок.

„Нашите резултати покажуваат дека, во реалноста, постои пандемија од загаден воздух во светот. Како пушењето, загадувањето може всушност да биде спречено, но во последните децении многу внимание се посветува на пушењето, а помалку на загадувањето на воздухот“, вели Томас Мунцел, научник од Институтот за хемија и кардиологија „Макс Планк“.

Најтешко погодена од пандемијата се луѓето во Кина, велат германските научници. Таму, загадувањето го скратува животот за 4,1 година.

Втор во негативниот ранг е Индија, каде загадувањето го скратува животот на луѓето за 3,9 години. Трет е Пакистан со 3,8. И додека ова се општи податоци, на местата со најголемо загадување сликата е уште потешка.

Пренаселената држава Утар Прадеш во Индија, во која живеат 200 милиони луѓе, е толку загадена што животот на луѓето им се крати за 8,5 години.

Слична е ситуацијата во провинцијата Хебеј во Кина околу мегаполисите Пекинг и Тијанџин. 74 милиони луѓе живеат таму, а загадениот воздух им го скратува животот за 6 години.

Слични содржини