Загина човек во пожар во Струмица

од Milan1
33 прегледи

Еден човек загина денеска во пожар во Струмица, а телото го пронашле пожарникарите во изгорениот стан на четвртиот кат од зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“ во градот. Нема информации за возраста на починатиот човек.

Противпожарната единица од Струмица соопшти дека околу 15 часот и 30 минути интервенирала со три возила и седуммина пожарникари-спасители, кои успешно го изгаснале пожарот.

Сите други станови во зградата биле заштитени од огнот, а останатите станари биле безбедно евакуирани.

Причините за настанување на пожарот и смртта на лицето ќе бидат утврдени од надлежните институции