Напорите за евакуација на цивили од Луганск во источна Украина денеска беа прекинати откако француски новинар беше убиен во оклопно возило погодено од шрапнели од руска граната, изјави регионалниот гувернер на областа Сергеј Гајдаи.
-Гајдаи на Телеграм објави дека шрапнелите го пробиле оклопот на возилото и го убиле францускиот новинар кој во моментов бил внатре, пренесува Ројтерс.
Тој во објавата прикачи фотографија од новинарската акредитација на францускиот новинар.