339
Во Струга загина педесет и две годишен пешак во сообраќајна незгода, откако во него удрило мотороно возило во близина на индустриската зона во Струга.
СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила на 21-ви овој месец во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга.
– Лицето било пренесено во Општата болница во Струга каде им подлегнало на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според првичните информации, возилото продолжило да се движи кон Охрид.