Загина работник по пад од зграда во изградба

Станува збор за 40-годишен дебранец кој починал при работа на градилиште

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Жител на Дебар вчера го загубил животот кога паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од добиените тешки повреди тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како што информираа од Охридската полиција, околу 11.35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. (40) од Дебар.

На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар.

Според информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци на објектот.