Загина синот на познат музичар, имаше само 16 години

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Шеснаесетгодишниот син на познатиот американски кантавтор, Бен Квелер, Доријан, загинал во понеделникот во страшна сообраќајна несреќа.

Познатиот музичар ја потврди трагичната вест преку објава на Инстаграм објавена во вторник.

„Не ми се верува дека го пишувам ова, но вистина е… Нашиот син, Доријан Зев Квелер, загина синоќа. Имаше само 16 години и беше вистинска легенда. Најљубезната, најнежната душа, пријател на сите“, напиша Квелер.

„Ако го познававте, знаете. Никогаш нема да го преболиме се додека сме овде на земјата“, напиша тој.

Бен продолжи велејќи дека е горд на својот син што тргнал по неговите стапки. Тој истакна дека семејството е во „целосен шок“ и дека не е сигурен како ќе ја надминат оваа „катастрофа“ што ги снајде.

Бен, исто така, им се заблагодари на фановите, пријателите и најблиските за нивните „молитви и поддршка“.

Бен Квелер е во брак со Лиз Смит Квелер од 2003 година и Доријан беше нивното единствено дете.

Слични содржини