Тажна вест доаѓа од Германија. Тренерот на младинската екипа на Ајнтрахт Франкфурт, Хелге Раше, загина во сообраќајна несреќа во четвртокот.
Според локалната полиција, автомобилот на Раше од непозната причина излетал од патот и удрил во дрво, а 33-годишниот тренер починал на лице место.
Eintracht Frankfurt trauert um U19-Cheftrainer Helge Rasche 🕯️
Der 33-Jährige ist gestern bei einem Verkehrsunfall ums Leben gekommen. Unsere Gedanken sind bei seiner Familie und seinen Angehörigen.https://t.co/Xsc5YqRRPA— Eintracht Frankfurt NLZ (@eintracht_lz) September 6, 2024
Во несреќата нема други повредени.
– Нашите мисли се со неговото семејство и најблиските – соопштија од Ајнтрахт.
Раше последните четири години ги мина во клубот од Франкфурт, а младинскиот тим го водеше од април 2023 година.