Загина војник вклучен во гаснењето на пожарите во Црна Гора

од desk2
32 прегледи

Еден 41-годишен војник загинал, а друг е тешко повреден во денешната акција за гаснење шумски пожари во Црна Гора. Сепак, тие не настрадале од пламењата или од задушување, туку доживеале несреќа – се превртела цистерна со вода во реонот Куч, објави министерството за одбрана на Црна Гора.

Земјата веќе неколку дена се бори со пожари на отворено кои се активни на повеќе локации, вклучувајќи ги Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ и Шавник, а кај Буљарица се загрозени и куќи.

„Од сите пожари, ситуацијата е најсериозна на подрачјето на Подгорица, каде што гори кај неколку околни населени места. Тешко е да се каже колку активни пожари има во земјата“, вели директорот на Управата за заштита и спасување Миодраг Бешовиќ.

Црна Гора побара помош од Европска Унија и НАТО, а во гаснењето учествува и хеликоптер од Србија.

Слични содржини