Загина жената командант на ракетната дивизија во ДНР

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Во Горловка загина командантот на ракетната дивизија во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Олга Качура, позната по кодното име „Корса“, соопшти градоначалникот на тој град Иван Приходко.

Качура беше гардиски полковник, почесен граѓанин на Горловка, важна личност и симбол на Народната милиција на ДНР, објави „Спутник“.

Таа во редовите на заштитниците на Донбас се приклучи во 2014 година, објави Приходко.

Оттогаш таа командуваше со дивизијата на повеќецевниот ракетен фрлач „Град“ во Горловка.

Слични содржини