Стефановски со својот автомобил „рено меган“, на влез во Скопје, излетал од патот и удрил во рекламен билборд по што веднаш бил пренесен во болница 
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер околу еден часот по полноќ во Скопје,загина Зоран Стефановски (1963), долгогодишен работник во медиумсксата заедница и штотуку вработен советник во секторот за односи со јавност во Владата на РМ.
До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“ движејќи се по булеварот Никола Карев кај хотелот „Континентал “ излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.
Зоран Стефановски од 2007 до 2012 година беше претседател на Советот за радиодифузија, и активен работник во одбрана на стандардите и професионализмот во медиумите.
Денеска на пладне ќе биде погребан на градски гробишта во Прилеп.