Загинаа 14 лица, спасените пациенти се надвор од животна опасност, велат од МЗ

од Берта Китинска
322 прегледи

Од Министерството за здравство информираат дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

-Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, информираат од Министерството.

Слични содржини