Загинаа осум лица во пожар во дом за стари лица во Белград

од Nikola Popovski
20 прегледи

Постои основано сомнение дека пожарот го предизвикал еден од станарите на домот за стари лица во Бараево, изјави Лука Чаушиќ од Секторот за вонредни состојби, наведувајќи дека ова се прелиминарни информации и дека натамошна истрага ќе спроведе Вишото јавно обвинителство во соработка со српското МВР.

Според Чаушиќ, пожарникарите добиле повик во 3 часот и 32 минути и дојава дека има пожар на улицата „Надежда Петровиќ“ бр.7 во белградската општина Бараево, а во рекордно време пристигнале во 03:45 часот.

„Веднаш беа испратени единици од Бараево, Лазаревац и Железник, а подоцна и од Вождовац и Звездара. Интервенираа вкупно 32 пожарникари, со 11 возила“, информирл тој.

Повредени се осум лица, а припадниците на Секторот за вонредни состојби спасиле 13 лица, појасни Чаушиќ, додавајќи дека седум биле преземени од Итната помош, додека на останатите корисници им е овозможено алтернативно сместување.

Во домот имало околу 30 стари лица.

Слични содржини