Загинаа пилот и навигатор во пад на руски воен хеликоптер „МИ-28“

од Aleksandar Petrovski
233 прегледи

Пилот и навигатор загинаа во пад на руски хеликоптер „МИ-28“ во близина на аеродромот Коренсков, во регионот Краснодар, соопшти руското Министерство за одбрана.

Командата на руските одбранбени воздухопловни сили упатила комисија не местото на несреќата, се наведува во соопштението на министерството, пренесено од Тасс.

Летот на хеликоптерот се изведувал во тешки метеоролошки услови.

Министерството за одбрана соопшти дела хеликоптерот во текот на летот не носел муниција.

Слични содржини