Загинал додека се враќал во Македонија кај семејството: Саздовски година дена работел во Институт во Нови Сад

од Nikola Popovski
123 прегледи

Меѓу загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад е и научникот од Македонија, Васко Саздовски. Саздовски, 45-годишен научник, од пред една година почнал да работи во Институтот во Нови Сад „Биосенс“, каде што се истражуваат и развиваат информатички технологии на биосистемот.

Потврдата за неговата смрт за српски „Блиц“ ја дал директорот на „Биосенс“, Владимир Црнојевиќ.

„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Тој беше многу искусен роботичар кој работеше во Германија, но го избра „Биосенс“, што исто така ни претставува чест. Колку беше добар говори и тоа што е избран од Министерството за наука за научно место за да продолжи да работи овде во Србија. Голема загуба за „Биосенс“, голема загуба и за нашата и за светската наука“, изјавил Црнојевиќ во интервју за „Блиц“.

Според српскиот медиум, денеска било тивко пред Институтот. Колегите на Васко молчеле и со неверување се обидувале да ја обработат информацијата дека никогаш повеќе нема да го видат својот колега.

Според српските медиуми, Саздовски речиси секој викенд со воз се враќал дома во земјава, каде се неговата сопруга и двете деца. На пат тргнал и вчера на трагичниот петок, 1 ноември.

Слични содржини