Загинал при пад од трактор, пронајдено исчезнато лице, директорка експлоатирала работници, кривична за пироман…

од desk3
103 прегледи

policijayeti4

На 05.07.2016 година во 14,15 часот телефонски во ЕИК-Скопје, од ИМП  пријавиле дека во с.Горно Коњари-Скопје, на м.в.„Поле“, починал Д.Н.(54) од с.Горно Коњари, кој паднал од приколка од трактор натоварена со сено. Тракторот го  управувал неговиот син. По наредба на ЈО, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

 

На 05.07.2016 година во 15,15 часот од страна на полициски службеници од ПС-Кичево во содејство со Шумска полиција, на м.в.„Стредорек“ атар с.Белица, било пронајдено лицето З.С. од Кичево, (кој на 04.06.2016 година во ПС-Кичево бил пријавен како исчезнато лице) со мали видливи повреди во вид на огреботини на лицето и нозете.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Б.(46) од Прилеп, управител во ДООЕЛ „Скала Трејд“-Битола и против наведеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. Во текот на 2015 и 2016 година, пријавената спротивно на Законот за работни односи од склучени договори за вработување не ги почитувала одредбите во врска со времетраење и користење на годишен одмор, времетрење на полно работно време, повредувајќи ги правата на вработените работници, а исто така не им овозможила користење на здравствено и платено боледување. Исто така, повеќе вработени во правното лице целиот износ од претходно исплатена сума на трансакциона сметка по однос на регрес за годишен одмор за 2014 година на рака го враќале износот во фирмата.

СВР Струмица, поднесе кривична пријава, против  Т.Г.(36) од Струмица, поради постоење основано сомнение дека сторил кривичното дело “предизвикување општа опасност“. На 22.02.2016 година, околу 01,00 часот,  пријавениот насилно влегол  во кругот и просториите на Дневниот центар за лекување и превенција од опијати „Свети Елисавета„ во Струмица,, по што подметнал пожар кој подоцна се проширил низ целата просторија и ја зафатил вратата од соседната просторија каде се чува метадонската терапија. По ова насилно влегол во просторијата на лекарот ја извадил медицинската документација, дел од неа фрлил по подот и ја запалил  а дел ја запалил во самиот шкаф.